fbpx

Убавица на насловна: Која е партнерката на Ана Брнабиќ?

Во креација на докажаната дизајнерка Роксанда Илинчиќ, партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ се најде на насловната страница на арапското издание на модниот магазин L’Officiel.

Милица Ѓурѓиќ која со својата појава неодамна во Белград го воодушеви и холивудскиот актер Џони Деп, важи за една од најубаво облечените жени во регионот, а медиумите се’ повеќе се интересираат и за нејзиниот приватен живот.

Таа пред две години стана мајка откако се одлучи за вештачко оплодување. Синот го крсти Игор, а дали името го доби по братот на премиерката, новинарите не успеаја да дознаат.

Партнерката на Брнабиќ е вработена во Клиничкиот центар на Србија во Центарот за радиологија и магнентна резонанца, а познато е дека студиите по медицина ги завршила со висок просек во рекордно време.

Кога се појавуваат заедно во јавноста, секогаш совршено се надополнуваат кога е модата во прашање.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тоше ја обожаваше: Нов момент од животот на прерано починатата пејачка

Долго чувана тајна Поминаа десет години од смртта на пејачката Вера Нешиќ (51) која по долга и тешка битка со болеста го напушти овој свет. Нејзиниот сопруг Мики Нешиќ конечно собра сили и откри непознати детали и анегдоти поврзани со приватниот живот, но и со кариерата на прерано починатата пејачка. […]