fbpx

Џеј почина во недела, а неговиот истоимен хит крие голема тајна

Пејачот почина во декември 2020 година на 56-годишна возраст

Смртта на легендарниот Џеј Рамадановски остави голема празнина во срцата на неговите пријатели, колеги, членовите на неговото семејство, како и кај сите оние кои ги почитуваа неговите дела.

Во текот на долгогодишната кариера сними многу хитови кои ќе се памтат засекогаш, а еден од нив особено се одвои и носи посебна емоција.

Песната „Недеља“ е автобиографска, објавена е 1991 година на албумот „Ко се с нама дружи“, а Џеј во една прилика откри детали за тоа како настанала оваа нумера.

„Во тоа време соработувавме со Фута. Ни фалеше рефрен. Јас сум „виновникот“ за истиот. Ѝ ја раскажав на Марина Туцаковиќ мојата животна приказна од поправниот дом. Како дете, кога бев добар ми дозволуваа да одам дома, а кога не бев, останував во домот. Рефренот за таа „Недеља“ е напишан за десет минути“, откри Рамадановски во едно телевизиско шоу.

Баш како и Џеј, и Марина Туцаковиќ која го потпишува овој евергрин почина во недела. Токму со оваа песна Џеј беше испратен на вечното почивалиште.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина Стеван Јеловац, зборовите на неговата сестра сега болат уште повеќе

Почина 32-годишниот српски кошаркар Стеван Јеловац. Играчот на грчки АЕК на 14 ноември доживеа мозочен удар на тренинг. Клубот тогаш истакна дека неговата здравствена состојба е стабилна, но и понатаму критична. На барање на семејството, Јеловац пред неколку дена беше префрлен во Србија. „Мастило“ претходно пишуваше за емотивната објава која […]