fbpx

Трагедија: Рада Манојловиќ скршена од болка

Тажна порака на својот профил на „Твитер“ сподели Рада Манојловиќ.

Пејачката напиша трогателни зборови за познатиот српски кошаркар Стеван Јеловац кој почина денеска на 32-годишна возраст.

„Леле луѓе, колку тажна вест! Почина нашиот млад кошаркар. Ужас, каква трагедија, Боже.. Со денови се надевавме и чекавме поубави вести, долго се бореше.. Каква трагедија, голема тага“, напиша Рада.

Стеван беше играч на грчки АЕК. На 14 ноември доживеа мозочен удар на тренинг. Клубот тогаш истакна дека неговата здравствена состојба е стабилна, но и понатаму критична.

На барање на семејството, тој пред неколку дена беше префрлен во Србија.

„Мастило“ претходно ја пренесе емотивната објава која на социјалните мрежи ја сподели неговата сестра Сара. Нејзините зборови дефинитивно ќе ве расплачат, а истата можете да ја прочитате ТУКА!

Фото: Јутјуб Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Борис Шакиќ: Оваа вакцина е најдобра против омикрон!

Според него, тврдењата на руските научници дека имунизацијата воопшто не штити од новиот сој се претерани Невроимунологот Борис Шакиќ, професор на Универзитетот Мек Мастер во Канада, вели дека вакцината не ве штити од новиот сој омикрон, но ќе ве заштити да не завршите на респиратор. „Сигурно е дека кога ќе […]