fbpx

Д-р Борис Шакиќ: Оваа вакцина е најдобра против омикрон!

Според него, тврдењата на руските научници дека имунизацијата воопшто не штити од новиот сој се претерани

Невроимунологот Борис Шакиќ, професор на Универзитетот Мек Мастер во Канада, вели дека вакцината не ве штити од новиот сој омикрон, но ќе ве заштити да не завршите на респиратор.

„Сигурно е дека кога ќе се активира имуниот систем постојат механизми кои даваат отпор на вирусот кои не се врзани само за антителата. Постојат бели крвни зрнца кои се нарекуваат макрофази и кои можат да го убијат вирусот во одредена мера“, наведува тој.

Според неговите зборови, експертите сметаат дека омикрон може да избегне некои од тие механизми, да ги избегне и тие антитела кои се создадени од делта сојот или со некоја друга варијанта на вирусот.

„Сепак, фактичката состојба е таква што е прерано да се каже дека се комплетно некорисни, како што тврдат некои руски научници. Мислам дека одговорот на новиот сој ќе биде сосема доволен за пациентот да не заврши во болница на респиратор“, истакнува д-р Шакиќ.

Тој истакнува дека кинеската вакцина е најдобра кога е во прашање сојот омикрон, бидејќи се прави на класичен начин. Убиениот вирус се инјектира, додека вакцините од Западот се направени само за да се прилагодат на сојот кој за жал најчесто мутира.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Убавина што ќе ве маѓепса: Ќерката на Аница Добра е кукла

Гените се чудо Ќерката на славната српска актерка Аница Добра не само што личи на својата мајка, туку и одбра иста професија. Мина Совтиќ има 25 години и студира на Факултетот за драмски уметности во класата на Драган Петровиќ. Јавноста веќе ја препознава по сериите „Дуг мору“, „Корени“ и „Убице […]