fbpx

Храбрите никогаш не умираат: Македонија тагува по Зафироски

Тажна вест денеска споделија администраторите на фејсбук-страницата „Македонски Лавови“

Ненадејно почина Ивица Зафироски-Муљавка, поранешен припадник на единицата за брза интервенција „Лавови“.

„Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, Ивица Зафироски-Муљавка од с. Брвеница, Тетовско. Вечна му слава!“, стои во објавата.

Со емотивни пораки од Ивица масовно се простуваат на социјалните мрежи.

„Господ ги зема добрите души крај себе! Патувај мирно во твојот вечен сон! Храбрите борци никогаш не умираат! Амин!“, е еден од коментарите.

Уште една трогателна посвета се издвојува од останатите.

„Лав беше и како лав ќе те памтиме. Бескрајно сочуство до родителите, а посебно до трите дробни дечиња кои за кратко време останаа без двајцата родители од проклетава болест“.

Вечна му слава! Нека почива во мир!

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Розо моја, најубава: Сопругот на починатата млада мајка ги расплака сите

Тажна вест утрово го потресе регионот Од последици на Ковид-19 почина Нермина Хуриќ (22), млада мајка од Живинице. Позади себе остави деветмесечно бебе. Нејзиниот сопруг Мустафа скршен од болка се огласи на социјалните мрежи. „Розо моја најубава, не успеав.. Дадов се’ од себе, но Нему си му била подрага и […]