fbpx

Убавина што ќе ве маѓепса: Ќерката на Аница Добра е кукла

Гените се чудо

Ќерката на славната српска актерка Аница Добра не само што личи на својата мајка, туку и одбра иста професија. Мина Совтиќ има 25 години и студира на Факултетот за драмски уметности во класата на Драган Петровиќ.

Јавноста веќе ја препознава по сериите „Дуг мору“, „Корени“ и „Убице мог оца“.

Препознатлив е и нејзиниот глас во неколку анимирани играни филмови синхронизирани на српски јазик.

– Не знам дали е лесно или тешко, се’ има предности или мани. Најважен е балансот – изјави Мина кога ја прашаа дали тоа што е ќерка на позната актерка ѝ помага или ѝ одмага во градењето на кариерата.

Нејзиниот татко, бизнисменот Миодраг Совтиќ, речиси и да не се појавува во јавноста.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Храбрите никогаш не умираат: Македонија тагува по Зафироски

Тажна вест денеска споделија администраторите на фејсбук-страницата „Македонски Лавови“ Ненадејно почина Ивица Зафироски-Муљавка, поранешен припадник на единицата за брза интервенција „Лавови“. „Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, Ивица Зафироски-Муљавка од с. Брвеница, Тетовско. Вечна му слава!“, стои во објавата. Со емотивни пораки од […]