fbpx

Ослабна 23 килограми: Милица за ММС отворено за борбата со Ковид-19

Македонската пејачка Милица Кузмановска за неполна година ослабна 23 килограми. Како што вели, лоши моменти ја натерале комплетно да се промени.

„Прво правев заби, па ме фати ковид, па потоа се оперирав и по зафатот комплетно го сменив животниот стил“, открива таа во искрено интервју за „ММС“.

Кузмановска детално раскажува за борбата со коронавирусот. Иако симптомите не биле страшни, сепак опоравувањето траело подолго од што се надевала.

„Пред новогодишните празници ги правев забите и сакаш не сакаш мора да имаш редуциран начин на исхрана. Потоа се заразив од ковид-19, во јануари годинава. Немав некои страшни симптоми, изгледа брзо дека реагирав. Симптомите кои ги почувствував ми беа мноогу чудни, никогаш во животот не сум ги почувствувала и точно знаев дека е Ковид. Чудно накашлување кое траеше две недели, а почна уште поред Нова Година. После Бадник веќе ми беше потврдено дека имам ковид-19. А немав температура, немав болки во тело, немав ништо, туку само не ми престануваше крварењето, што подоцна од туѓи искуства, од други жени кои биле во истата ситуација, а секако тоа ми го кажа и лекарот, дека ковидот предизвикува продолжено крварење. Мене тоа многу ме истошти. Кога отидов во болница, прво ми направија тест и тестот покажа дека имам многу антитела.  Значи, јас една недела откако станав Ковид негативна, влегов во болница на операција. Но, лекарот не ме оперираше веднаш, поради ковид-19  се’ ми беше пореметено и по нивна препорака операција веднаш после Ковид е невозможна. Лежев во болница и ми даваа крв, примив 10 кеси крв и плазма. После десетина дена направив операција, која медицински се вика хистеректомија. Во болница лежев три недели и кога по операцијата дојдов дома ми беше многу тешко, бидејќи и операцијата ми беше многу тешка.  Успеав некако, се изборив во животот и со помош на лекарите и со моја помош, преку верба и духовна воздигнатост, бидејќи духовната храна многу значи“, раскажува пејачката.

Целата исповед која ја потпишува Весна Миленковска, прочитајте ја на „ММС“.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Сте прележале ли корона без да знаете? Овој симптом е клучен!

Едно истражување покажало дека главоболката може да биде клучен симптом за Ковид-19 кој го предвидува развојот на клиничката слика кај пациентите. Резултатите од една студија направена на повеќе од 100 пациенти покажале појава на главоболка, напнатост во пределот на главата, а понекогаш и многу поинтензивни болки во вид на мигрена. […]