fbpx

Сте прележале ли корона без да знаете? Овој симптом е клучен!

Едно истражување покажало дека главоболката може да биде клучен симптом за Ковид-19 кој го предвидува развојот на клиничката слика кај пациентите.

Резултатите од една студија направена на повеќе од 100 пациенти покажале појава на главоболка, напнатост во пределот на главата, а понекогаш и многу поинтензивни болки во вид на мигрена.

Во друго истражување направено на 214 пациенти кај кои е потврден коронавирус, се покажало дека околу 13 отсто од учесниците имале главоболка, а само 5 отсто губење на мирисот.

Појавата на главоболка, независно, била поврзана со пациентите кои имале кратки симптоматски периоди, додека главоболка во комбинација со губење на мирис била поврзана со оние пациенти кои на кратко биле хоспитализирани.

Кај одредена група пациенти, главоболките се задржале дури и кога го прележале вирусот и се опоравиле.

– Изгледа дека оние пациенти кај кои главоболката се јавува во рана фаза, во текот на асимптоматскиот или во раниот симптоматски период на Ковид-19, имаат локализиран воспалителен одговор кој може да ја одржува способноста на телата подобро да ја контролираат и да реагираат на инфекцијата којашто вирусот ја предизвикува – објаснува Патрисија Позо-Росиќ, началник во Универзитетската болница во Барселона.

Фото: Еспресо.рс

Следни Објави

Кристина се самоуби на 21 година: Причината ќе ви го скрши срцето

Кој е виновен за трагедијата? Српската инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби на 21 година. Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на „Инстаграм“. „Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ. Во меѓувреме се огласи […]