fbpx

Ќе се брани од слобода: Која е фаталната полицајка која работела со Беливук?

Поранешната државна секретарка во српското министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која од 15 октомври беше во притвор, денеска е пуштена да се брани од слобода, потврди нејзиниот адвокатски тим.

Обвинителството покрена истрага за нејзина наводна инволвираност во криминалите на Вељко Беливук. Се терети дека прикривала докази по убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој беше застрелан на трамвајска пруга во јануари 2019 година.

Евидентна е трансформацијата во физичкиот изглед на Хркаловиќ. Српските медиуми пишуваат дека речиси преку ноќ станала фатална жена на која ѝ биле доверувани сите најважни истраги кои ги спроведувале институциите.

Дека Дијана немала проблем со парите, покажал и претресот во нејзиниот стан во кој полицајците затекнале сауна, фонтана на терасата и луксузен италијански мебел. Наводно бил пронајден и сеф со неколку илјадници евра.

Дијана е родена 1987 година во Белград. Нејзиниот татко е поранешен политичар, некогашен претседател на Управниот одбор на Аграрниот фонд на општина Пожаревац.

Основно и средно училиште завршила во родниот град. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Белград. Уште како студент се интересирала за политика.

По заминувањето од министерството за внатрешни работи речиси воопшто не се експонирала во јавноста, се’ до моментот нејзиното име почнале да го поврзуваат со криминалите на Веља Невоља.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Никола Којо за смртта на Кристина: Актерот со брутална порака!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по самоубиството на 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ, жртва на интернет-насилство. Веста за нејзината смрт ја потресе јавноста во целиот регион, а се огласија и бројни познати личности кои ја нагласија важноста од превенција кога е во прашање таканаречениот сајбер-булинг. Тоа го направи […]