fbpx

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Сајбер-силеџиството кое со години го трпела на социјалните мрежи е причината поради која 21-годишната инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот.

Веста за нејзината смрт ја потресе јавноста во целиот регион.

Нејзиниот долгогодишен пријател Душан Шрбљак денеска во утринската програма на телевизија Прва нагласи дека што точно се случило, би требало да кажат надлежните органи и дека дури во понеделник ќе бидат готови резултатите од обдукцијата.

„Кика беше жртва на интернет-насилство, но дајте да почекаме да се утврди што точно се случило. Замислете каков притисок е ова за семејството. Ја побарав нејзината мајка за да ѝ изразам сочуство. Жената е неутешна, ниеден родител не заслужува да си го закопа сопственото дете. Кога ќе помислам на тоа, веднаш ми доаѓаат солзи“, раскажува тој.

Душан ја опишува Кристина како личност која не трпела неправда и дека се вознемирувала и од најмала ситница.

„Од една страна беше многу отворена, но од друга страна беше интровертна, не сакаше да зборува за проблемите. За злобните коментари дискутираше со пријателите, за нив зборуваше и јавно“, објаснува Шрбљак.

Во едно од многуте видеа што ги сними за својот канал на „јутјуб“, Кика откри која е нејзината неостварена желба.

„Сакам да се преселам во Данска, не толку поради самата држава, колку поради јазикот. Учам дански уште од инцидентот кој ми се случи пред две години на тамошниот аеродром кога ми го украдоа пасошот. Ваква страст во животот никогаш порано не сум почувствувала. Покрај ова, посакувам само да бидам среќна и здрава, како и моето семејство“, раскажа Кристина минатата година.

Потресно: Се огласи момчето на починатата Кристина

Во друго видео откри дека рано останала без татко.

„Почина кога имав само две години. Не зборувам за ова да ме сожалувате, туку да разберете зошто ја снимам само мајка ми. Татко ми премногу пушеше. Подоцна му открија рак на белите дробови. Оставете ги цигарите, за еден ден и вашето дете да не остане без мајка или татко“, порача тогаш таа.

Кристина беше успешна инфлуенсерка, а само на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе.

Последните години отворено се бореше со осудувања и критики. Пошироката јавност ја препознава и по жестокиот конфликт со популарниот јутјубер Бака Прасе.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ни замина уште една легенда: Почина Ефтим Петров

Нека му е светол патот Почина Ефтим Петров-Цимо, член на мото-клубот „Тиквеш Рајдерс“ од Кавадарци. Тажната вест ја потврдија и од веб-страницата за рекреација и спорт „Motori.com.mk“ изразувајќи сочуство до семејството, пријателите и клубот. Со емотивна посвета, на социјалните мрежи се огласи и Тодор Илиев Гранде. „Ни замина уште една […]