fbpx

Доктор ја исекол, па ја испекол Нина (25): Полудел кога го сфатил ова (ФОТО)

Рускиот доктор Михаил Тихонов признал дека свирепо ја убил 25-годишната Нина Сургутскаја кога открил дека имала операција за промена на полот. Делови од телото испекол во рерна, а дел од нив фрлил во веце-шолјата.

Злосторството кое во 2019 година ја потресе Русија, но и светот, се’ уште се прераскажува. Тихонов излегол на состанок со Сургутскаја, пред да заминат кај неа дома. Имале однос, а за време на чинот Михаил сфатил дека Нина е трансексуалка која го променила полот.

Кога тоа го забележал, ја задавил. Се обидел да го прикрие убиството, но мајката на девојката го пријавила нејзиното исчезнување.

„Нина го поканила во нејзиниот стан. Продолжиле да пијат алкохол и одлучиле да водат љубов. Забележал дека неговата партнерка претходно била маж. Таа се обидела да продолжат со интимниот однос, но во истиот момент тој ја фатил за врат и силно ја стегнал. Ја пуштил кога веќе не покажувала знаци на живот“, раскажа полициски извор.

Наталија силувана, па задавена со врвка: Пресврт по изгубената надеж на семејството

Тихонов тогаш одлучил да се ослободи од телото. Во тоалетот ги исекол нејзините внатрешни органи на мали парчиња кои ги фрлил во веце-шолјата.

Потоа лешот го исекол и го ставил во загреана рерна. Михаил негирал дека е канибал и на полицијата и објаснил дека тоа што го направил било за „да испари течноста од месото“ за полесно да го фрли во шолјата.

Полицијата го уапсила додека нејзините екстремитети ги фрлал во канта.

Фото: ВК Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Последниот ден на Кристина: Еве што се случувало кога ја пронашле мртва

Потресно! Познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ која беше пронајдена мртва во својот стан на деветти декември, денеска ќе биде погребана. Се’ уште нема официјални докази што точно се случило, иако сите медиуми пренесоа дека станува збор за самоубиство. Во популарната емисија „Црвена зона“ гостуваше нејзината блиска пријателка Мина […]