fbpx

Потресни сцени: Погребана Кристина, овие детали ќе ви го скршат срцето

Последен поздрав со силна порака

Бројни пријатели, членови на семејството, но и фанови денеска се собраа на гробиштата во Белград каде беше погребана познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ.

Во моментите кога ковчегот го спуштале, се слушале стихови од песната „Кристина“ на групата „Дивљи Кестен“. Истиот рефрен сестрата на Кика го сподели на социјалните мрежи ден по смртта на младата јутјуберка.

На погребот мајката и сестрата на Кристина носеле бели рози.

„Белото означува невиност, безгрешност и искреност. Ѝ се поклонува на личност која ви буди исклучително нежни чувства и поради тоа најчесто се користи за изработка на бидермаери. Во овој случај, сестра ѝ носеше две, а мајка ѝ една роза“, пишуваат српските медиуми.

Кристина која на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе, последните години отворено се бореше со осудувања и критики. По нејзиното самоубиство медиумите, но и властите почнаа да го истражуваат жестокиот конфликт кој го имаше со Бака Прасе, еден од највлијателните јутјубери на овие простори.

Родена е во Белград на 25 јули 2000 година.

Фото: Србија данас

НА ИСТАТА ТЕМА:

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Никола Којо за смртта на Кристина: Актерот со брутална порака!

Последниот ден на Кристина: Еве што се случувало кога ја пронашле мртва

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Добредојде синко: Маријан Стојаноски по вторпат татко (ФОТО)

Честитки! Пејачот Маријан Стојаноски стана татко по вторпат. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, а освен роднините и пријателите, му честитаа и бројни колеги од естрадата. „Добредојде синко Петар“, напиша тој на „Фејсбук“. Стојаноски лани во ек на пандемија се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска. Двојката ја […]