fbpx

Мајка ѝ почина од рак, па брат ѝ заврши трагично: Тешкиот живот на македонската пејачка

Премногу боли, но мора да се продолжи

Животот воопшто не ја галел познатата македонска пејачка Адријана Ацевска која публиката ја препознава како Адријана Кеш.

Низ годините се соочила со многу стресови и загуби, но како што самата кажа во една прилика, иако на тагата ѝ нема крај, животот мора да продолжи.

Пред три години од акутна леукемија почина нејзиниот постар брат Петар кој со семејството живееше во Шведска. Имаше само 43 години.

„Бевме многу блиски, а карактерно исти. Многу повеќе отколку со помалиот брат Антонио. Ми беше буквално рамо за плачење. И години да поминат, утеха нема. Сега се радувам на моето внуче кое многу личи на него“, раскажа Адријана неколку недели по неговата смрт.

Пред повеќе од една деценија, од рак почина и нејзината мајка. Во рефренот на песната „Така е пишано“ таа пее за нивната повторна средба.

„Премногу боли. Кога почина таа, јас морав да ја преземам нејзината улога“, изјави пејачката во една прилика.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Познатиот пејач пронајден мртов во хотелска соба: Полицијата со шокантни детали

Нова трагедија Пејачот Јасмин Малкочевиќ е пронајден мртов во хотелска соба во Тузла. Вчера семејството го пријави исчезнувањето на 39-годишниот музичар, а денеска полицијата го пронајде безживотното тело, јавуваат босанските медиуми. „На телото на починатиот не се пронајдени траги од повреда или од било какво насилство и најверојатно се работи […]