fbpx

Нè обедини сите: Почина Милена, мајка на двегодишен син

Почина Милена Јовичиќ, 37-годишната жена од Смедерево која неодамна го обедини целиот регион.

За нејзиното лекување се собираа средства на социјалните мрежи, но таа не успеа да ја победи болеста.

Поради силни болки во стомакот, по детални анализи ѝ беше дијагностициран карцином на желудникот во поодминат стадиум.

Лекарскиот тим кој го водеше случајот одлучи дека во дадениот момент е невозможен оперативен зафат, а поради лошата крвна слика и целокупното кревко здравје ниту хемотерапија не ѝ беше одобрена.

Последна надеж беше една приватна белградска клиника која требаше со специјални терапии да ѝ го зајакне организмот кој би можел потоа да издржи циклус од шест биолошки третмани и евентуална операција во земјата или во странство, пишуваат српските медиуми.

„Милена, за жал, не доби шанса да се бори. Си замина. Сите верувавме во некое чудо, но реалноста е таа“, стои во една од објавите на „Фејсбук“.

Несреќната мајка позади себе остави двегодишен син.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Остави две мали деца, ја загуби битката: Штип завиен во црно

Уште еден македонски лекар прерано не’ напушти По кратко боледување, на 35-годишна возраст почина д-р Симон Василев. Беше вработен како општ хирург во Клиничка болница Штип, а максимално беше посветен и на специјалистичките студии. „Градот Штип и лекарската фела изгубија исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите […]