fbpx

Остави две мали деца, ја загуби битката: Штип завиен во црно

Уште еден македонски лекар прерано не’ напушти

По кратко боледување, на 35-годишна возраст почина д-р Симон Василев.

Беше вработен како општ хирург во Клиничка болница Штип, а максимално беше посветен и на специјалистичките студии.

„Градот Штип и лекарската фела изгубија исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно“, напиша редакцијата на М-Нет телевизија.

Штипјани со емотивни посвети се простуваат од младиот македонски лекар.

„Познавам многу луѓе во градот, но од срце ви велам дека во животот не сум сретнал подобар и поскромен човек од Симон. Со секого ќе застанеше на улица да направи два-три реда муабет“ е еден од коментарите на „Фејсбук“.

Василев беше оженет и татко на две малолетни деца.

Фото: МНет.мк

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Местото ти е во рајот: Македонија тагува, уште еден живот прерано згасна

Кичево тагува На 39-годишна возраст почина Ајдин Сејдини. Семејството, пријателите и колегите од Полициска станица во Кичево се простуваат од него на социјалните мрежи. „Почивај во мир, мој драг стар пријателе. Царство небесно предобар човеку, местото ти е во рајот кај ангелите. Амин!“, стои напишано во една од емотивните посвети. […]