fbpx

Д-р Марковски за заштитата на деца со маски: Непотребна е, еве зошто!

Заштитата на деца со маски или вакцини е непотребна, вели проф. д-р Вело Марковски во разговор за „Локално“.

Инфектологот објаснува дека децата имаат многу малку рецептори за кои се врзува вирусот и според сите досегашни искуства од целиот свет децата не се разболуваат.

Тој вели дека сето ова е потврдено во бројни научни списанија.

„И кога се разболуваат се разболуваат дома како последни во ланецот. Затоа, заштита на деца со маски или вакцини или со било што од КОВИД-19 е непотребна и остава многу простор за вознемиреност. Континуираното носење маски може да има штета и во психофизичкиот развој на детето, и да биде можност за аспирација и инфекција со сопствената флора. Но, маската штити и од други болести, па можеби треба да се анализир а колку во овој период има болни деца со варичела, скарлатина, и останати горно респираторни инфекции. Мој предлог е да ги заштитиме децата поради опасност од појава на грип и другите горнореспираторни инфекции. Не од корона, реков од КОВИД-19 децата не се разболуваат, а и ако се разболат поминуваат со многу лесна клиничка слика. Мислам дека треба веднаш, додека е мирна состојбата со грипот и другите респираторни инфекции да се распуштат една недела пред Нова година, да бидат дома цел јануари, или до средината на февруари а потоа со комбинирана и поинтензивна настава да се исполнат наставните планови“, вели д-р Марковски за „Локално“.

Следни Објави

Беше драга пријателка, жена со ведар дух: Македонија тагува!

Голема загуба Почина проф. д-р Весна Пендовска, долгогодишна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тажната вест ја споделија вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје на официјалната фејсбук-страница. „Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден […]