fbpx

Беше драга пријателка, жена со ведар дух: Македонија тагува!

Голема загуба

Почина проф. д-р Весна Пендовска, долгогодишна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тажната вест ја споделија вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје на официјалната фејсбук-страница.

„Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше. Проф. д-р Весна Пендовска беше и поранешна Претседателка на Комисијата за хартии од вредност, продеканка на Факултетот и членка на Деканатската управа во неколку мандати. Ќе остане запаметена како доајен од областа на финансовото право и финансиите“, стои во објавата.

Со емотивна посвета од Пендовска се прости и проф. д-р Ана Павловска-Данева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Весна ќе остане во нашите спомени и како драга пријателка, жена со ведар дух, секогаш забавна, подготвена да разговара за секоја тема со секој соговорник, да споделува совети кога од неа тоа сме го барале. Вечна и слава!“, напиша таа.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Хорор прогноза на Бил Гејтс: Ќе влезе во секој дом, ги откажав сите планови за празниците

Еден од најбогатите луѓе на светот со црно сценарио Американскиот магнат, хуманитарец и филантроп, Бил Гејтс, се огласи на „Твитер“ и кажа дека ги откажал сите планови за претстојните празници. Нагласи дека новиот сој на коронавирусот многу бргу ќе влезе во секоја држава и дека многу негови пријатели веќе боледуваат […]