fbpx

Трагедија! Загина Златко Георгиев

Златко Георгиев трагично го загуби животот во Италија на 52-годишна возраст, информира порталот „24 инфо“.

Несреќата се случила во саботата во провинцијата Пјаченца во Северна Италија.

Македонскиот авто-превозник бил згмечен од портата на фармата каде што доставувал храна.

Македонецот, кој работел за фирмата ГИ.МА. од Фиоренцула д’Арда, каде живеел со семејството, починал на самото место на несреќата, иако веднаш стигнала екипа на итната помош.

Георгиев со години доставувал сточна храна за фармите во Пјаченца и Кремонезе. Важел за доверлив соработник на компанијата „Лингиарди“ во која немало персонал и била затворена кога се случила несреќата. Поради тоа, не било првпат Георгиев да ја отвора портата и ја знаел процедурата. Но, нешто тргнало наопаку.

Истрагата за смртта на Георгиев сега е во рацете на карабинерите од Сончино, иако нема сомнеж дека станува збор за несреќа, пишува „24 инфо“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Следни Објави

Зошто се влева страв? Д-р Беќаровски и вистината за омикрон

О–MICRON-че Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта-варијанта во Македонија. А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ??? Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот […]