fbpx

Кој е Бранко, функционерот кој е пронајден мртов во семејниот дом?

Почина заменик генералниот секретар на Српското собрание, Бранко Маринковиќ (41).

Пронајден е мртов во неговиот дом во Белград и се’ уште не е позната причината за смртта.

Маринковиќ е роден на 2 октомври 1980 година. По вокација е правник. Матурирал во Луизијана, САД, во рамките на меѓународната програма Pacific intercultural exchange како ученик на генерацијата. Дипломирал на Правниот факултет во Ниш.

Тој е еден од победниците на интернационалниот натпревар во симулација на судење пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур во 2011 година. Активно зборувал англиски, француски и бугарски јазик.

„Бранко беше исклучителен правен експерт. Прерано го загубивме. Беше почитуван и драг колега кој целото свое знаење го посвети на поуспешно и поефикасно работење на парламентот“, напиша во телеграмата со сочуство Ивица Дачиќ.

Телото на Маринковиќ околу 16 часот го пронашла неговата сопруга.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Овој симптом се јавува ноќе: Докторката која го откри омикрон предупредува на што да внимаваме

Сите детали за новиот сој на коронавирусот Омикрон се шири со неверојатна брзина. На крајот од ноември се појави во Јужна Африка, а досега е потврден во 110 земји. Што досега се знае за него, кои се симптомите и на што треба да внимаваме, објаснува д-р Анжелик Коци, претседателката на […]