fbpx

Овој симптом се јавува ноќе: Докторката која го откри омикрон предупредува на што да внимаваме

Сите детали за новиот сој на коронавирусот

Омикрон се шири со неверојатна брзина. На крајот од ноември се појави во Јужна Африка, а досега е потврден во 110 земји. Што досега се знае за него, кои се симптомите и на што треба да внимаваме, објаснува д-р Анжелик Коци, претседателката на Јужноафриканското медицинско здружение.

Докторката која практично го откри омикрон открива дека досега лекувала 106 пациенти и дека кај сите забележала една иста работа.

„Сите пациенти заспивале здрави, а во текот на ноќта почнувале да чувствуваат и жештина и оладеност. Имале ноќно потење. Наредниот ден се буделе со главоболка, болки во градите, дури и со болки во грбот. Малаксаноста која ја чувствувале не била обичен умор, а помал број на пациенти имале и сува кашлица и болка во грлото“, вели таа.

Објаснува дека истата клиничка слика кај овие заразени трае веќе шест недели и дека на почетокот биле млади пациенти, но дека сега воглавно се разболуваат постари од 30 години, без разлика на полот.

Во однос на делта-сојот, д-р Коци вели дека омикрон доминантно предизвикува мускулно-скелетни симптоми и дека ако веднаш се почне со терапија, опоравувањето трае од три до пет дена.

Сепак, таа апелира луѓето да продолжат да носат маски и да се вакцинираат.

„Ако спаѓате во ризична група, примете бустер. Избегнувајте гужви, особено сега за празниците. Без забави“, порачува.

Фото: Принтскрин РТС

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

На ангелите не им е местото овде: Мајката на трагично починатото бебе ќе ве наежи

Се’ уште не стивнуваат реакциите во јавноста за починатото 17-месечно бебе кое падна од вториот кат на зградата каде живеело со својата мајка. По несреќниот случај во Краљево, сега со трогателна порака на социјалните мрежи се огласи мајката на детето. Таа им се заблагодари на сите за поддршката и сподели […]