fbpx

Вредеше секоја солза: Надица Ристова открива низ каков пекол поминала

Веројатно сите сте запознаени со приказната на малиот херој Лука, роден со само 720 грама во 29-та гестациска недела.

Роден е со микроцефалија и глувост, по што е дијагностициран и тумор на црниот дроб.

Токму поради туморот, како што и раскажа во една прилика д-р Аспазија Софијанова, Лука мораше да го продолжи лекувањето во Италија со цел да се извади делот зафатен со туморот, а да се трансплантира нов дел.

Мајката на Лука, Надица Ристова, редовно ја информира јавноста за состојбата на нејзиното чедо, а во нејзиниот последен статус на „Инстаграм“ раскажа низ каков пекол поминала.

Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост.

Со само 24 години сум мама на прематурно бебе, бебе со хепатобластом, бебе со трансплантиран црн дроб. Да сонував ќе кажев, стоп разбуди ме, премногу е.

Кога веќе се соочив со сите овие работи, сфатив дека мама може буквално се’.

Мама се бореше во моментот кога се изгуби на моите раце, модар без воздух-заврши на респиратор.

Мама се бореше со непозната земја, непознат јазик, никој свој покрај себе.

Мама се бореше со низата хемотерапии и се’ што тие носат.

Мама се бореше сама пред операционата сала 12часа и 30 минути.

Мама се бореше за ова, ова на сликата вреди за секоја моја солза, секоја моја болка. Кога тој издржа се’, не може ли мама?

Овој период константно ме враќа на минатата година која беше толку пеколна за нас. Но, вредеше, вредеше за денес да можам повторно да се радувам на моето малечко. Повторно да бидеме со нашиот тато, нашето семејство, заедно да уживаме во будалештините на овој мал црв.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажна вест: Престана да чука срцето на Андријана Митревска

Уште еден живот прерано згасна На 35-годишна возраст почина Андријана Митревска. Пред само две недели битолчани се собраа на хуманитарен концерт каде донираа средства за нејзино лекување. „Утрово престана да чука срцето на нашата сограѓанка Ани, како што си ја нарекувавме, која по трет пат се бореше со опаката болест. Во […]