fbpx

Предизвик за 2022: Направете го ова за да привлечете среќа и да имате мир!

Која е најважната лекција што сте ја научиле во 2021 година?

Веројатно биле повеќе, но ќе се согласите дека секој од нас се освести и научи колку е важно да се цени сегашниот момент. Секој миг е драгоцен и затоа треба добро да се искористи и да се фокусираме на позитивните работи.

Годината која е речиси зад нас ќе биде запаметена како година на промени, пресвртници и потполна трансформација на животот, но сепак ни помогна да се издигнеме на духовно ниво и да бидеме благодарни на сѐ што имаме – од мирисот на цвеќињата, сонцето, прегратките, па сѐ до месечината.

Исто така, научивме дека не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден и дека е важно да се прилагодиме на разни животни текови. Затоа вдиши и издиши, искористи го овој момент најдобро што можеш.

А, во 2022-ва доколку сакате да ја привлечете среќата и да го сочувате внатрешниот мир важно е да направите неколку работи.

* Збогувајте се од луѓето што не знаат да простат, да бидат одговорни за своите постапки. Збогувајте се од токсичните луѓе за кои љубовта е само збор и ништо повеќе.

* Збогувајте се од луѓето кои викаат дека сте премногу чувствителни кога сте анксиозни, депресивни и тажни. Отворете го срцето за луѓето што ви кажуваат колку сте силни, а не колку сте слаби.

* Збогувајте се од луѓето кои ги игнорираат вашите чувства и секоја ситница ја претвораат во натпревар.

* Збогувајте се од луѓето за кои сте свесни дека го користат вашето нежно срце и од луѓето кои доаѓата само кога им треба нешто.

* Збогувајте се од луѓето што ве тераат да работите тоа што не го сакате, ги игнорираат вашите желби и не разбираат дека секој има право да каже НЕ.

* Заборавете на завидливите луѓе што не уживаат во вашиот успех. Исфрлете ги од животот оние што ви ја црпат енергијата и кои го користат секој момент да ви ја срушат самодовербата.

* Заборавете на сите луѓе кои шират токсична енергија затоа што заслужувате да бидете исполнети со светлина.

Нека оваа новогодишна одлука ви донесе добри и позитивни луѓе вредни за вашето внимание.

Од светлата и убавата енергија направете штит за својата душа.

Среќна Нова Година!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Елена го покажа вереничкиот прстен: Новогодишна магија во Москва

Честитки! Познатата водителка и авторка на шоуто „Живот со стил“, Елена Стефановска, кажа „ДА“. Радосната вест ја сподели од Москва каде со својот долгогодишен партнер замина на новогодишно патување. „Со Бојан функционираме одлично. Си ги прифаќаме навиките, а тоа според мене е најголем показател за љубовта“, изјави Стефановска неодамна за […]