fbpx

Ја запроси пред полна сала, свадба не дочека: Горан имал големи планови пред трагедијата

Една од најтажните вести минатата година беше трагичната смрт на Горан Јосифовски (36). Битолскиот музичар почина во февруари во тешка сообраќајна незгода. Поранешниот член на „Екстра бенд“ беше сопруг и татко на две малолетни деца.

Луѓе од неговото блиско опкружување велат дека Јосифовски бил посветен семеен човек кој никогаш не ги криел емоциите.

Доказ за тоа е и фактот што неговата сакана ја запроси јавно пред полна Универзална сала, во 2014 година на јубилејниот концерт на Марјан Коцев.

Подоцна само се свршиле, а свадба планирале летово кога требало во татковината да допатуваат и најблиските роднини на Горан кои со години живеат и работат во Америка и во Канада.

Во ек на пандемијата, кога многу музичари останаа без егзистенција, Јосифовски почнал да работи во приватна пекара како доставувач. Токму на работното место излетал од патот управувајќи патничко возило, а од здобиените повреди починал на самото место.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Син ми е мирно момче: Таткото на Матеј очајно моли за помош

Топ-тема во регионот е 27-годишниот Матеј Периш, момче од Сплит на кое му се губи секаква трага на новогодишната ноќ. Последен пат е виден пред белградскиот ноќен клуб „Готик“. Бил облечен во фармерки, црна маица и црни патики со бел ѓон. Висок е 188 сантиметри, атлетски е граден, има руса […]