fbpx

Татко со Даунов синдром вложил сè во иднината на синот: Моето дете стана доктор!

Емотивна приказна која ќе ви го разубави денот

Вообичаена заблуда е дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца. Жените можат да родат, а во исклучително ретки случаи и мажите можат да станат татковци.

Џад Иса, маж со Даунов синдром од Сирија, не само што се реализирал како родител, туку има и неверојатно инспиративна животна приказна.

Сите биле пресреќни кога му се родил синот Садер. На шега признава дека со сопругата на почетокот го размазиле дури и малку повеќе од потребното. Сепак, го извадиле на вистинскиот пат, вложувајќи го целиот труд нивното чедо да си ги оствари соништата.

Џад работел во фабрика за производство и преработка на пченица, па почнал да штеди за синот да може да го запише на факултет. Правел се’ што е во негова моќ за да може да го издржува семејството, а неговиот син Садер нагласува дека упорноста и пожртвуваноста на татка си најмногу го инспирирале да стане лекар.

„Мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку страствен во тоа што го правам, да го немав својот посебен татко“, напиша тој под една нивна заедничка фотографија.

Садер е сега стоматолог, што е една од најплатените професии во Сирија, а неговиот татко никогаш не бил посреќен.

Особено е горд што љубовта на неговите родители и понатаму е иста како на почетокот кога се венчале.

„Совршено се разбираат. Обожаваат прошетки, а понекогаш само седат и разговараат со часови“, завршува тој.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре е Свети Игнат: Бидете внимателни, никако не правете го ова!

Светата православна црква на 2 јануари го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец, во народот познат како Св. Игнет, Игњат или Игнатов ден. Овој ден уште и се наречува и „Прв Божик“, зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот, поврзан со раѓањето на Исус Христос. Се верува дека оној што […]