fbpx

(ФОТО) Тројца другари загинаа во сообраќајка: Ваква трагедија не се памети!

Еден час по полноќ во вториот ден во новата година се случи страшна сообраќајна несреќа на хрватскиот остров Корчула која го вознемири регионот.

Тројца другари на возраст од 19, 22 и 24 години се забиле во дрво, а ударот бил толку силен што автомобилот Голф 3 се преполовил.

Познат е и идентитетот на жртвите.

Сите тројца се од Смоквица. Двајца од нив биле пожарникари, а сите тројца членувале во Здружението на витези.

Најстариот Анте Салечиќ бил фудбалер на локалниот клуб Јадран. Неговите соиграчи со трогателна посвета се простија од него. Најмладиот, пак, работел како автомеханичар.

„Беа прекрасни момчиња. Ваква трагедија не се памети. Ќе прогласиме седумдневна жалост. Знамињата ќе бидат на половина копје, откажани се сите јавни и социјални настани“, порача градоначалникот на Смоквица.

„Далматински портал“ објави и фотографии од местото каде што се случила несреќата.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Глас и стас кои нема да ги заборавиме: Македонија тагува по Томе

Тажна вест Почина Томе Јанчевски-Мечето, долгодишен секретар на фудбалскиот клуб Пелистер. Оваа функцијата ја извршуваше речиси две децении. „Јанчевски беше секретар и најблизок соработник на неколку најдобри претседатели на Пелистер, сведок на сите случувања, кога Битола беше центар на македонскиот фудбал, активен учесник во многу победи и успеси на клубот, […]