fbpx

Загубивме голем син и брат: Македонија тагува по Ангелевски

Македонија тагува

На 48-годишна возраст ненадејно почина Ивица Ангелевски Калап, пасиониран моторџија и голем патриот.

Тажната вест ја потврдија и од Светскиот македонски конгрес, а причината за смртта е инфаркт.

„Денес Прилеп и Македонија и сите ните патриоти загубивме голем син и брат, секогаш со здраво расудување, бистар ум и реален поглед на работите, без влакна на јазикот и со отворена критика кон сите неправди.. Со неверување ја примивме утрово веста за твојата прерана смрт. Почивај во мир брате, рај да си најдиш.. Најдлабоко и најискрено сочуство до семејството“, е една од поемотивните објави на социјалните мрежи за прераната смрт на Калап.

Ангелевски беше член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп. Од Светскиот македонски конгрес велат дека бил и голем хуманитарец, присутен на сите протести за одбрана на името и на идентитетот.

Позади себе остави 12-годишен син.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе ве расплаче: Таткото на Матеј за последениот разговор со синот

Полицијата се сомнева Веќе десет дена трае потрагата по 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит на кое му се губи секаква трага во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември. Нема никаков сигнал од неговиот мобилен кој може да ги даде клучните одговори за инцидентот. Властите се сомневаат дека телефонот […]