fbpx

Драматично: Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

На таткото на Матеј Периш би му порачала да биде храбар и да не губи надеж дека син му е жив и дека заедно ќе се вратат во Хрватска, затоа што десет дена е краток временски период. Вака ја почнува својата приказна Весна Ѓориќ, мајката на Билјана која исчезна пред шест години.

Весна, како што самата вели, од ден во ден ја следи потрагата по 27-годишното момче од Сплит.

„Точно знам како Ненад се чувствува. Знам дека не спие, не јаде, не пие вода.. Сакам да му кажам да не губи надеж. Да паднал во Сава, досега неговото тело ќе испливаше. Се сеќавам дека ова ми го рекоа нуркачите во 2015 година додека ја бараа мојата Билјана, дека по петиот ден телото мора да исплива. И таа исто така исчезна во декември. Ибар е поплиток, но поладен“, појаснува таа.

Ќе ве расплаче: Таткото на Матеј за последениот разговор со синот

Вели дека исчезнувањето на Матеј многу ја потсетува на исчезнувањето на нејзиното чедо.

„Таа се’ остави во трафика и замина. Нејзиниот телефон ми го предаде вработената, а оној на Матеј не го ни најдоа. Ниту по еден нејзин потег не можевме да заклучиме дека ќе исчезне, како и во случајот со Матеј. Не ја бараа веднаш во реката, требаше да ги молам“, раскажува мајката скршена од болка.

Неочекувано: Таткото на Матеј тврди дека лажат за ОВА!

Сепак, таа и понатаму не губи надеж дека Билјана е жива. Најтешко ѝ паѓа годишнината од исчезнувањето – втори декември и сите празници кои следуваат потоа.

„Сакам на таткото на Матеј да му кажам никако да не губи надеж. Да верува во Бог и што поскоро со синот да се вратат во својот дом“, вели Весна.

Што се однесува до ќерката Билјана, таа веќе некое време има информација дека се наоѓа во манастир.

„Би сакала да ни се јави, каде и да е. Таа за сите нас беше исклучително дете. Единствено што забележав е дека два месеца пред да исчезне умееше да цитира делови од Библијата. Оттогаш имам надеж дека е жива и дека одлучила да се замонаши“, тврди несреќната мајка.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Димитар Андоновски доби уште еден син, одбра име со посебно значење

Честитки! Пејачот и автор Димитар Андоновски стана татко по вторпат. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, а освен роднините и пријателите, му честитаа и бројни колеги од естрадата. „Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина по вторпат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на […]