fbpx

Сведоштво на д-р Чадиковски за прележаниот Ковид: Отворено за физичката болка и за стравовите

Лично се соочи со болеста

Со потешка клиничка слика, со пневмонија и со температура цели десет дена, Ковид-19 го прележа и д-р Владимир Чадиковски. 

Реномираниот детски кардиохируг за „Фактор“ сведочи дека дури и сега по цела година од инфекцијата со коронавирусот, уште ги чувствува последиците.

„Беше исклучително тешка состојба, се лекував дома три недели. Имав обилна пневмонија, но за среќа сатурацијата не ми падна, заради што и не ме хоспитализираа. Страшен е и периодот по излекувањето. Последиците од болеста, дали психолошки, а најверојатно е така, бидејќи при клиничките испитувања се’ беше во ред, ги чувствував и во наредните неколку месеци. Можеби имам и уште потешкотии, навистина не знам или можеби е само коинциденција со некои стресни ситуации кои ги имам, но би сакал да потенцирам, ако веќе не постои начин да се избегне заразата, многу е полесно болеста да се помине со две дози вакцина, отколку со ниедна. За жал, јас се заразив кога во Македонија се’ уште немаше вакцини“, раскажува тој.

Д-р Чадиковски вели дека Ковид-19 се’ уште го држи светот во неизвесност и дека не се поштедени ниту најмладите, кај кои пак е карактеристичен тој пост-ковид синдром при кој настанува воспаление на повеќе органи.

„Ковид-19 е болест од која допрва човештвото ќе ги чувствува последиците, и тоа не само од аспект на здравјето на луѓето“, нагласува тој за „Фактор“.

Следни Објави

Мистериозна смрт: Почина познатата актерка, имаше само 34 години

Трагичен крај за глумицата која порасна пред камерите На 34-годишна возраст ненадејно почина Миранда Фрајер, најпозната по улогата во популарната австралиска сапуница „Соседи“. Семејството на поранешната актерка откри дека таа имала срцево заболување, но ги чека резултатите од обдукцијата кои треба да ја покажат точната причина за смртта. Миранда починала […]