fbpx

Димитар Андоновски доби уште еден син, одбра име со посебно значење

Честитки!

Пејачот и автор Димитар Андоновски стана татко по вторпат.

Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, а освен роднините и пријателите, му честитаа и бројни колеги од естрадата.

„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина по вторпат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добродојде сине Гаврил, да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот“, напиша тој на „Фејсбук“.

Оригиналната форма на името Гаврил кое е со еврејско потекло е: גַּבְרִיאֵל

Значење на името: Господ е мојата сила. Именден се слави на Свети Архангел Гаврил, празник во народот познат и како летен Арханѓел.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шок по смртта на Игор: Три деца останаа без татко

Трагедија! На 48 години ненадејно почина Игор Каранов. Причината за смртта на познатиот новинар, блогер и водител е срцев удар, јавуваат белградските медиуми. Кариерата ја започна во новосадскиот „Дневник“, а долго работеше и во Адрија Медија Груп за магазините „Свет“, „Пулс“, „Глорија“, „Плејбој“, „Ел“ и „Стори“. Имаше и популарен блог […]