fbpx

Трагедија: Валентина почина од последици на Ковид, имаше само 18 години

Неверување по смртта на младата девојка

Познатата бразилска манекенка Валентина Боскардин почина од компликации предизвикани од коронавирусот.

Тажната вест ја соопшти нејзината мајка Марсија, телевизиска водителка и поранешен модел.

Марсија тврдеше дека нејзината ќерка е комплетно здрава и дека примила две дози од вакцината Фајзер, но минатата недела младата манекенка со пневмонија заврши во болница во родното Сао Паоло, па доби тромбоза. Имаше само 18 години.

„Со голема болка се простувам од љубовта на својот живот. Збогум, Валентина Боскардин Мендес. Нека Бог те прими со раширени раце“, напиша споделувајќи нивна заедничка фотографија.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се огласи Маја Вукичевиќ: Пејачката скршена од болка

Не престануваат реакциите во јавноста по смртта на филмскиот продуцент Горјан Тозија кој почина на 68-годишна возраст. Соработниците, но и пријателите кои ги имаше во голем број, се простуваат од поранешниот директор на Агенцијата за филм на социјалните мрежи. Меѓу нив и пејачката Маја Вукичевиќ. „Си заминаа многу драги луѓе, […]