fbpx

Убавици: Запознајте ги сопругите на македонските ракометари (ФОТО)

Нашите омилени спортисти има со што да се гордеат

Македонските ракометари повторно се во фокусот на вниманието откако нашата репрезентација обезбеди учество на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Велат дека позади секој успешен маж стои успешна жена, па „Мастило“ одлучи да ви ги претстави од еден поинаков агол, како реализирани семејни луѓе.

Пред две години се ожени Стојанче Стоилов, а со неговата избраничка Деница, инаку уметница по професија, се остварија и во улогата на родители.

Во 2019 години на вечна љубов се заколна и Филип Кузмановски. Правеше свадба на отворено во Битола, а неговата избраничка Моника Игнова е братучетка на Дејан Манасков.

Пред три години се ожени и младиот репрезентативец Филип Талески. Неговата сопруга Ена Секуловска е битолчанка која живее во Германија. Нивната ќерка Софиа има три години.

Стружанецот Никола Маркоски во 2018 година стапи во брак со поранешната ракометарка Ане Миленковска. 

Веќе е познато дека актуелниот селектор и еден од најуспешните ракометари на сите времиња, Кире Лазаров, веќе една и пол деценија е во брак со Љубица со која ги имаат синот Благојче и ќерката Лана.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нова трагедија: Марија Милошевска пронајдена мртва

Истрагата треба да даде неколку одговори Во стан на улицата Сирма Војвода во Охрид денеска во попладневните часови е пронајдено безживотното тело на Марија Милошевска, информира „Охрид скај“. Порталот пишува дека станува збор за испекторка вработена во СВР Охрид. Според нивни извори, Милошевска неколку дена не излегувала од својот дом и […]