Штипјанката Павлинка Тренева Муса работи како личен асистент на Да Фатема бин Хамад Алтхани, сестра на емирот од Катар, Тамим бин Хамад бин Калифа Алтхани, еден од најбогатите во светот. Имала 22 години кога сосема случајно заминала на печалба во оваа егзотична, но истовремено и мистична земја. Прво работела како фризерка, а потоа и како шминкерка, пред да го добие ова интресно работно место, пишува „Фактор“.
Вели дека на принцезата ѝ е на располагање буквално за сè, од правење персонален онлајн шопинг до замисла, планирање и реализација на патувања, забави, приеми. Од придружба на пријателски ручек до наоѓање на фирми за изградба на куќи и следење на цела реализација до завршеток на истата.
„Ниту едно секојдневие не е исто. Еден ден може да биде поминат во кревет пред ТВ, наредниот да се почне со патување до некоја соседна држава. Доколку има голема забава или свадба во склоп на семејството целиот ден па и недела и се планира според потребите на истата“, открива Павлинка.
Во истото интервју, искрено зборува и за тамошните православни цркви и литургии, но и за сопругот кој е по потекло од Либан.