fbpx

Шокантен потег на Маја: Таа ги има клучните информации за Матеј?

Пред да исчезне, 27-годишниот Матеј Периш дури двапати телефонски разговарал со Маја С., девојката од Сплит која според многумина ги има клучните информации за случајот кој веќе повеќе од две недели ја бранува јавноста во целиот регион.

Кобната вечер и таа престојувала во Белград. Матеј и Маја наводно се познавале уште од рано детство и се претпоставува дека Периш сакал нивните две друштва да се спојат во текот на критичната ноќ помеѓу 30-ти и 31-ви декември.

Српските медиуми постојано објавуваат нови моменти од приватниот живот на Маја.

„Интересно е што откако е доведена во врска со исчезнатото момче, таа го избришала профилот на „Инстаграм“, а на „Фејсбук“ ставила црна слика. Ги блокирала сите кои ја прашувале за Матеј и исчезнала од социјалните мрежи. Ова е помалку чудно, ако се земе в предвид дека таа и Матеј се познавале речиси цел живот. Инаку, нејзиниот роден брат не допатувал со Периш бидејќи се’ уште бил под голем стрес откако им починал другар и не бил расположен за новогодишна прослава“, раскажува извор од Сплит.

Истиот извор вели дека Матеј кој работел како скипер бил вработен токму во фирмите на Маја која е сопственичка на две фирми за транспорт.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Драматично: Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

Клучни моменти: Еве што се случило со Матеј ноќта кога исчезнал

Според неофицијални информации, Маја веќе дала исказ во полицијата. На српските власти им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа, бил многу амбициозен и за да постигне се’ што ќе зацртал користел опијати. Таа, сепак, не зборувала за деталите од нивниот последен разговор, наведувајќи дека поради гласната музика во клубот во кој престојувала многу слабо го слушала Периќ.

Судејќи по објавите на социјалните медиуми, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот. Хрватскиот портал „Империјал“ наведува дека тие се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти.

За тешката траума која Матеј Периш ја доживеал пред неколку месеци прочитајте ОВДЕ!

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Отворено писмо ќе ве расплаче: Потресни зборови по смртта на Јовица

Првиот глас на крајишката група „Tromeđa No 1“, Јовица Пуповац, почина вчера во Белград. Тажната вест ја потврди негов колега од бендот. Сега и пејачот Ратко Родиќ се прости од Јовица со потресни зборови. „Од денеска ништо повеќе не е исто. И денеска се охрабрувам да те прашам Господе, зошто […]