fbpx

Денот пред Водици е голем и тежок: Направете го ова!

Ден пред големиот христијански празник Богојавление-Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави крст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.

Следни Објави

Почина омилената докторка: Приказната на Ана ќе ви го скрши срцето

Засекогаш замина баш на нејзиниот роденден Од последици на Ковид-19 на денот кога наполни 41 година почина д-р Ана Чопорда, анестезиолог во КБЦ Звездара, жена која со својата лична приказна го сврте вниманието во целиот регион. Колегите и пријателите се во шок и споделуваат статуси за дамата која беше прекрасен […]