fbpx

Дојди сине, ти направив сарми: Мирјана со трогателна порака за славниот син

Семејството и пријателите се’ уште не можат да се помират со смртта на Маринко Маџгаљ.

Познатиот актер и пејач на „Фламингоси“ по тешко боледување почина на 26 март 2016 година.

Неодамна, пред славното Атеље 212 во Белград беше откриен мурал со неговиот лик, а по тој повод првпат во медиумите се огласи и неговата мајка Мирјана.

– Сите го знаеја по насмевката, по радоста која зрачеше од него. Ви благодарам што не го заборавивте мојот Маки. Ми недостасува секој ден и сето ова е тешко за една мајка. Не поминува ден, а да не помислам на него. Многу сакаше да работи, постојано беше зафатен. Ги обожаваше Белград и Котор, тоа беа неговите градови. Каде и да отидеше, ќе му се јавев и ќе му речев: „Сине дојди, ти направив сарми“. Тоа му беше омиленото јадење – изјави низ солзи неговата мајка.

Утеха пронашла во нејзината внука, ќерката на Маринко која ја доби од врската со актерката Дубравка Мијатовиќ.

– Мојот син беше чиста љубов и среќа. Сега ја имам неговата ќерка. Прекрасна е и живеам за неа – вели таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Марковиќ за излекуваните од корона: Овие последици може да ги имаат доживотно!

Проф. д-р Асја Стипиќ Марковиќ, специјалист интернист пулмолог, реномиран хрватски алерголог и клинички имунолог, ги објасни последиците кај заболените од Ковид-19. Таа тврди дека некои може да останат за цел живот. Кога личноста ќе ја добие битката со коронавирусот, останува правилото на следење на функцијата и на структурата на белите […]