fbpx

Д-р Марковиќ за излекуваните од корона: Овие последици може да ги имаат доживотно!

Проф. д-р Асја Стипиќ Марковиќ, специјалист интернист пулмолог, реномиран хрватски алерголог и клинички имунолог, ги објасни последиците кај заболените од Ковид-19.

Таа тврди дека некои може да останат за цел живот.

Кога личноста ќе ја добие битката со коронавирусот, останува правилото на следење на функцијата и на структурата на белите дробови со задолжителна рехабилитациска терапија која подразбира медицински вежби на дишење, методи на позиционирање, промена во начинот на издишувањето..

– Промените кои можат да се задржат на белите дробови може да влијаат на намалувањето на респираторната динамика и на дифузијата на кислород. Затоа се потребни редовни вежби за дишење, а откажувањето на цигарите е задолжително – вели Марковиќ.

Таа советува да се практикуваат и кондициони вежби и да се применуваат здрави животни навики со здрава исхрана, смирена психа и што почести посети во природа за имунитетот да зајакне.

– Со прележаната инфекција пациентите се стекнуваат со специфична имуност за одбрана од овој вирус, но ранливите процеси кои се развиле на белодробните крила остануваат доживотно. Тие може да бидат подлога за заболување од други инфекции на респираторниот систем ако постојат делови на белите дробови со послаба вентилација или ретенција на секретот – заклучува докторката.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова се Маријан и Кристијан, младите фудбалери кои трагично загинаа (ФОТО)

Шок и неверување по смртта на двајцата тинејџери Страшна сообраќајна несреќа го вознемири регионот. Животот го загубија младите фудбалери Маријан Мариќ и Кристијан Миошко откако, од засега непознати причини, со возило Рено Меган излетале од патот и завршиле во каналот Дунав-Тиса-Дунав. И двајцата имале по деветнаесет години, а како што некои […]