fbpx

Ова се Маријан и Кристијан, младите фудбалери кои трагично загинаа (ФОТО)

Шок и неверување по смртта на двајцата тинејџери

Страшна сообраќајна несреќа го вознемири регионот.

Животот го загубија младите фудбалери Маријан Мариќ и Кристијан Миошко откако, од засега непознати причини, со возило Рено Меган излетале од патот и завршиле во каналот Дунав-Тиса-Дунав.

И двајцата имале по деветнаесет години, а како што некои српски медиуми информираа, едното момче утре требало да слави роденден.

Не стивнуваат реакциите по трагедијата, а на социјалните мрежи се огласи и фудбалското здружение на Војводина.

„Ја информираме фудбалската јавност дека во сообраќајна несреќа ноќта помеѓу неделата и понеделникот трагично загинаа две млади момчиња, фудбалерите Маријан Мариќ и Кристијан Миошко. Миошко играше за Јединство од Влајковац, а Мариќ настапуваше во Романија. Ненадоместлива загуба за сите.. Наше искрено сочуство до семејствата“, стои во објавата.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина омилената докторка: Приказната на Ана ќе ви го скрши срцето

Засекогаш замина баш на нејзиниот роденден Од последици на Ковид-19 на денот кога наполни 41 година почина д-р Ана Чопорда, анестезиолог во КБЦ Звездара, жена која со својата лична приказна го сврте вниманието во целиот регион. Колегите и пријателите се во шок и споделуваат статуси за дамата која беше прекрасен […]