fbpx

Драматично: Нови детали за кобната ноќ и последната реченица на Матеј

Со ист интензитет веќе дваесет дена трае потрагата по 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград.

Случајот уште од почеток го следат мистерии на кои нема одговор. Едната од нив, а можеби и најважната е зошто кобната вечер Матеј излегол сам без јакна од клубот во кој се забавувал, без да им каже на другарите кои останале на масата?

Потоа, каде момчето тргнало во маица со кратки ракави среде зимска ноќ во град кој не го познава?

Дали Матеј бил под влијание на некои опијати, па не бил свесен каде трча или неговата рута која истрагата покажа дека се совпаѓа со Гугл-мапата била свесно одбрана?

Што сакал Матеј од Маја, девојката која ја побарал критичната вечер, а која во исто време била во Белград? Што се случило откако Матеј стигнал до скалите на шеталиштето покрај Сава?

Од почетокот, најголем сомнеж дека нешто кријат падна на неговите другари. Тие исчезнувањето на Матеј го пријавиле следниот ден околу 18 часот, а откако дале изјави во српската полиција биле пуштени да се вратат дома во Хрватска.

Никому не му е јасно како тие момчиња со кои Периш наводно бил, не знаат зошто излегол од клубот и каде се упатил.

Клучни моменти: Еве што се случило со Матеј ноќта кога исчезнал

Според најновите информации, односно допишувања кои ги објави „Слободна Далмација“, постои можност неговото друштво навистина да не знаело каде тој воопшто заминал кобната ноќ.

„Јас не знам што му станало. Дрога или што.. Ние не земавме“, ѝ пишува другар на Матеј на својата девојка.

Таа му одговара: „Па, не верувам дека земал сам, па криел. Освен ако некој во таа гужва не му понудил. Па не е девојка, па да му стават во пијалокот“.

Пријателот тогаш и пишува дека навистина не знае што се случило и дека Матеј му рекол дека оди да прошета по клубот. По неколку дена повторно ја отвориле истата тема, но нивните пораки не откриле ништо ново.

Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

Во меѓувреме, главна тема во медиумите стана Маја С., девојката од Сплит која според многумина ги има клучните информации за исчезнувањето на Периш.

Во исповед за ТВ Прва таа нагласи дека најголема болка ѝ е што истрагата потврдила дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

За тешката траума која Матеј Периш ја доживеал пред неколку месеци прочитајте ОВДЕ!

Фото: Милан Илиќ/Инстаграм/Прва телевизија/Информер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кој е Јован, синот на познатата политичарка кој утрово се самоуби?

Се’ уште не е познато како точно дошло до трагедијата, а телото на момчето го пронашле случајни минувачи кои веднаш ја информирале полицијата Во целиот регион како бомба одекна информацијата дека се самоубил 25-годишниот Јован Ивиќ, синот на Санда Рашковиќ, потпретседателката на Народната партија на Вук Јеремиќ. Тој е пронајден […]