fbpx

Бремена велешанка почина од корона: Еве што се случило!

Триесетгодишна бремена жена е меѓу пациентите кои неодамна ја изгубија битката со корона.

Пациентката била во петиот месец од бременоста.

Позитивна на Ковид била примена на Инфективната клиника, но по девет дена од лекувањето состојбата ѝ се влошила.

И покрај дадената терапија, развила тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација, по што била префрлена на Килината за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана, информира Министерството за здравство.

И покрај дадената терапија, состојбата постојано се влошувала и пациентката починала.

Следни Објави

Од смртни закани до ѕвездено небо: Животот на легендарната Мира Фурлан

Една од најголемите југословенски ѕвезди, актерката Мира Фурлан, засекогаш го напушти овој свет пред точно една година. Почина на 65-годишна возраст во САД каде се пресели во 1991 година и се стекна со светска слава играјќи во хит-сериите „Изгубени“ и „Вавилон 5“. Фурлан имаше бурен живот, особено по онаа 1986 […]