fbpx

Кој е Јован, синот на познатата политичарка кој утрово се самоуби?

Се’ уште не е познато како точно дошло до трагедијата, а телото на момчето го пронашле случајни минувачи кои веднаш ја информирале полицијата

Во целиот регион како бомба одекна информацијата дека се самоубил 25-годишниот Јован Ивиќ, синот на Санда Рашковиќ, потпретседателката на Народната партија на Вук Јеремиќ.

Тој е пронајден на плочникот пред зградата во која живеел во центарот на Белград, со измотани кабли околу вратот.

Јован, инаку студент на Филозофскиот факултет, веќе имал еден неуспешен обид да си го одземе животот, пишуваат српските медиуми. Минатата година се заканувал дека ќе си пресуди на ист начин, а пред два месеца испил поголема количина на медикаменти и се затворил во станот. Тогаш полицијата на време интервенирала и успеала да го спаси.

Трагично загинатото момче потекнува од многу позната и успешна фамилија. Татко му, академик Александар Ивиќ кој почина пред две години, беше член на Математичкиот институт и има објавено преку 280 научни трудови во најпознатите светски часописи.

Неговиот дедо од таткова страна е Павле Ивиќ, научник со меѓународно реноме и најдобар српски лингвист во втората половина на 20-от век. И неговата баба била лингвист, универзитетски професор и академик.

Јован е син од вториот брак на политичарката Рашковиќ која има уште еден син и ќерка.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Бремена велешанка почина од корона: Еве што се случило!

Триесетгодишна бремена жена е меѓу пациентите кои неодамна ја изгубија битката со корона. Пациентката била во петиот месец од бременоста. Позитивна на Ковид била примена на Инфективната клиника, но по девет дена од лекувањето состојбата ѝ се влошила. И покрај дадената терапија, развила тешка форма на бронхопневмонија и била поставена […]