fbpx

Македонска пејачка сподели слика од прегазената девојка кај „Сити мол“

Преубава девојка

Младата пејачка Валери Димовска која неодамна блесна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, сподели фотографија од 24-годишната Викторија Н. која синоќа го загуби животот во сообраќајката кај „Сити мол“.

Сликата веќе ја споделија и други на социјалните мрежи, а под истата стои опис: „Убиената девојка на пешачки кај Сити Мол.. Почивај во мир!“.

Викторија живеела во Радовиш со нејзините родители, а по потекло била од селото Дедино од општината Конче, претходно објави „Фактор“.

Според изворите на истиот портал имала уште две сестри, а со момчето кое со тешки телесни повреди е хоспитализирано во ГОБ 8 Септември, во главниот град најверојатно допатувале за прошетка и шопинг.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Виден е: Нешто чудно се случи со Матеј, сите се шокирани

Пријателите на 27-годишниот Матеј Периш по кој интензивно се трага веќе 23 дена, синоќа се шокирале кога виделе дека неговиот број во 21:53 часот бил достапен на Вајбер. За луѓето кои не губат надеж дека момчето од Сплит ќе биде пронајдено живо, оваа информација беше очекувана, но истовремено и вознемирувачка. […]