fbpx

Беше број еден во „Ѕвездите на Гранд“: Еве што прави денес!

Сигурно го паметите Тихомир Тепиќ, водителот кој заедно со Драгана Катиќ беа домаќини на славната „Гранд парада“.

Се обиде и во музичките води, но во меѓувреме се повлече од медиумите.

Се’ уште е на екраните, но не е присутен во жолтиот печат.

„Таблоидните вести и папарацо-фотографиите, наместени или не, нема да ми ги платат сметките. Тоа одамна го сфатив, па не давам повод и не сакам да се експонирам на тој начин. Мојата работа е да бидам мост помеѓу пејачите и гледачите, а не главна тема во озборувањата“, изјави во едно интервју Тепиќ.

Она од што публиката особено е воодушевена е фактот што легендарната емисија се’ уште постои и Тихомир се’ уште е водител на шоуто, само што откако Катиќ одлучи да работи на проектот „Никогаш не е доцна“, сега партнерка му е атрактивната Сања.

„Со колегите имам убав однос, но немаме навика да се дружиме приватно. Мислам дека така е и најдобро, затоа што кога луѓето се зближуваат, можат да се создадат проблеми“, категоричен е тој.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неверување: Починатата медицинска сестра е мајка на малиот херој Марко Пејчиноски

Охриѓани тагуваат Виолета Пејчиноска, починатата медицинска сестра во ЈЗУ Општа Болница Охрид, е мајка на малиот херој Марко Пејчиноски, информира порталот „ШилоМагазин“. Пред неполни четири години македонската јавност првпат слушна за детето кое и покрај здравствените проблеми, некроза на коска на долните екстремитети, го оствари својот сон да го преплива […]