fbpx

Мајката на момчето на прегазената Викторија: Душата да ти гори!

Се’ уште не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на 24-годишната Викторија од Радовиш која го загуби животот во Скопје, откако во неа на пешачки премин удри 22-годишниот Ј.Ѓ.

За влакно ја избегна смртта нејзиното момче, а сега на социјалните мрежи се огласи мајка му Татјана Даова. Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост.

УБИЕЦУ – Порака до тебе

Бидејќи немам друг збор со кој би ти се обратила, Јас мајка, на син кој за влакно ја избегна смртта, а Викторија ја уби.

Посакувам да ги видиш тие очи ширум отворени желни за живот, тоа убаво лице уништено до непрепознатливост, а за тоа си виновен ТИ-Убиецу.

Посакувам совеста да ти ја гризе душата (ако ја имаш), а душата да ти гори во пеколот.

А ти Ангелу наш, Викторија, почивај во мир и рајските порти се отворени за тебе.

Претходно се огласи и таткото на момчето. И неговата објава ви ја пренесуваме во целост.

УБИЕЦ

Убиецот што ја уби Викторија и се обиде да го убие мојот син, но не успеа да го стори тоа физички, ама му ги уби емоциите, му ја уби едната половина засекогаш, Зарем тој заслужува некаква иднина?

Тој-Убиецот уништи една прекрасна иднина.

Зарем Убиец треба да биде сместен во удобна домашна постела?

Зарем навистина некој ќе го пушти да избега?

Има ли цена убиството на Викторија и обидот за убиство на мојот син?

Правната битка допрва почнува и позади нас веќе стои целата македонска јавност која никогаш повеќе нема да дозволи Неправда.

А кој стои позади убиецот Јордан Ѓорѓиев, освен еден адвокат Јанковиќ? И можеби некоја голема торба со пари?

Казната мора да биде најголема и не смееме да дозволиме убиецот да избега.

Затоа ја повикувам целата македонска јавност за поддршка!

Почивај во мир Викторија!

Фото: Фејсбук/Принтскрин Сител

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Синот на Аки со потресни зборови: Еве што рекол татко му пред да почине (ФОТО)

Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина во Словенија на 66-годишна возраст. Позади себе остави три деца и многу хитови. Бројни познати личности се простија од него, а сега конечно се огласи и неговиот син Кристијан Рахимовски. На социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија, а со зборовите расплака многумина. […]