fbpx

Неверување: Починатата медицинска сестра е мајка на малиот херој Марко Пејчиноски

Охриѓани тагуваат

Виолета Пејчиноска, починатата медицинска сестра во ЈЗУ Општа Болница Охрид, е мајка на малиот херој Марко Пејчиноски, информира порталот „ШилоМагазин“.

Пред неполни четири години македонската јавност првпат слушна за детето кое и покрај здравствените проблеми, некроза на коска на долните екстремитети, го оствари својот сон да го преплива Охридското езеро, од Свети Наум до градското пристаниште.

Младиот херој беше пречекан од голем број сограѓани и стана пример за упорност и неизмерна желба за постигнување на саканата цел.

За неговата мајка која почина вчера, нејзините колеги имаат само убави зборови.

„Прерано го напушти овој свет нашата драга и почитувана колешка. Секогаш ведра и насмеана, вистински професионалец во својата професија, жена со големо срце. Бог да ја прости и нека ѝ е вечно Царството Небесно“, напишаа вработените во болницата.

Следни Објави

Битола го врати во живот: Аки Рахимовски никогаш не нè заборави

На 66-годишна возраст почина Аки Рахимовски, легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“. Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер. „Утрово му се слоши, па заврши во болница во Ново Место. Пред еден час ни јавија дека починал, не ја знаеме уште причината за смртта“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки. Рахимовски е […]