fbpx

Виден е: Нешто чудно се случи со Матеј, сите се шокирани

Пријателите на 27-годишниот Матеј Периш по кој интензивно се трага веќе 23 дена, синоќа се шокирале кога виделе дека неговиот број во 21:53 часот бил достапен на Вајбер.

За луѓето кои не губат надеж дека момчето од Сплит ќе биде пронајдено живо, оваа информација беше очекувана, но истовремено и вознемирувачка.

Сепак, најверојатно полицијата која со денови ги проверува контактите и пораките на Периш, преку мобилниот оператор ги активирала неговите профили, па поради тоа на корисниците им се покажало дека неговиот број е активен.

Откако исчезна, истрагата потврдила дека сигнал од телефонот на Матеј последен пат е лоциран кај Големиот воен остров околу 2:40 часот на 31-ви декември.

Полициските службеници прегледале над сто часа материјал од сите надзорни камери од трасата по која се движел, од моментот на излегување од халата Бетон, па се’ до симнувањето кон Сава од каде му се губи секаква трага.

Неочекуван пресврт: Маја конечно проговори за Матеј, еве што вели за кобната ноќ!

Големо внимание во јавноста предизвика снимката на која се гледа како нешто лебди или плива во реката. Наводно е во прашање Матеј, а од друга страна имаше и шпекулации дека е во прашање некаков предмет. Исто така, се шушкаше дека тоа видео можеби и не е направено ноќта кога Периш исчезнал.

Надлежните власти ја разрешија оваа дилема. Од полицијата изјавија дека Матеј кружел околу ресторанот „Саванова“ пред да се упати кон шеталиштето и кон реката.

Се појави невидена фотографија од Матеј: Еве што напишал пред исчезнувањето (ФОТО)

По лоцирањето на телефонот на Матеј, индикативно било движењето на еден предмет во Сава, а српската полиција дополни дека времето и рутата на движење на објектот во Сава се поклопуваат со движењето на телефонот на Матеј.

Драматично: Што ги поврзува Матеј Периш и исчезнатата Билјана?

Уште едно видео направено на 31 декември, два часа по полноќ, покажа објект што се движи низ реката кон Големиот воен остров. Од МВР изјавија дека е прегледан целиот расположлив видеоматеријал од Новобелградската страна и кон Панчевскиот мост, но дека Матеј не е забележан.

Фото: Принтскрин/РАС Србија

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Светот во шок: Се самоуби синот на славната актерка

Синот на оскаровката Реџина Кинг почина три дена по неговиот 26-ти роденден, потврди „Холивуд рипортер“. Причината за смртта не е потврдена, но според магазинот „Пипл“ станува збор за самоубиство. Докажаната американска актерка и режисерка скршена од болка се огласи во јавноста и побара приватност во овие тешки мигови. „Нашето семејство […]