fbpx

Синот на Аки со потресни зборови: Еве што рекол татко му пред да почине (ФОТО)

Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина во Словенија на 66-годишна возраст.

Позади себе остави три деца и многу хитови.

Бројни познати личности се простија од него, а сега конечно се огласи и неговиот син Кристијан Рахимовски.

На социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија, а со зборовите расплака многумина.

„Татко мој, прерано си замина. Многу прерано. Луѓето велат дека Бог така сакал.. Не знаеше да се симнеш од таа сцена, па единствено со песна ти приоѓав. А можевме многу повеќе, татичко мој. Болиш неописливо. Утеха ми е дека ќе те имам барем во дел од своите песни како и во оние што ми ги остави. Но, тоа сега не ми е доволно.. Луѓето знаеја се’ за нас, а ништо не знаеја.. Знаевме ти и јас.. Фалиш татичко, на сите ни фалиш..Сега одмори се, па „рокај“ таму горе со екипата“, напиша, меѓу другото, Кристијан.

Двапати се женеше, стана дедо, па му се роди ќерка: Рахимовски го криеше приватниот живот

Тој им се заблагодари на сите кои му дале поддршка во овие тешки мигови и на крајот откри нешто трогателно.

„Татко мој, пред неколку дена ми рече: „Сине, и јас те сакам, ајде бегај таму и се гледаме“. Се гледаме тато еден ден.. Чао тато, те сакам тато.. Се гледаме“, напиша тој.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Јелена Ѓоковиќ ја шокираше јавноста: Тоа што го откри, никој не го очекуваше (ФОТО)

Мило ми е што учиме заедно, порача таа Сопругата на Новак Ѓоковиќ откри дека не користи парфеми. Јелена е позната како голем борец за правата на животните, а сега обелодени дека поради тоа не користи парфеми на кои некои трошат илјадници евра. Таа на инстаграм-стори неодамна сподели порака од обожавателка […]