fbpx

Трагедија: Почина скопскиот пејач од „Никогаш не е доцна“

На 60-годишна возраст почина Ибрахим Хајрадиновиќ, пејач од Скопје и актуелен натпреварувач во „Никогаш не е доцна“.

Веста за неговата смрт ја потврдија и неговите пријатели за „Гранд онлајн“.

„По операцијата на пакреасот се бореше како лав, но на крајот не издржа“, велат тие.

Ибро, како што сите го познаваа, минатата недела во познатото регионално музичко шоу изјави дека благодарение на емисијата повторно добил волја за живот, но и за пеење.

„Ибро е еден од победниците во овој серијал. Со секој негов настап дефинитивно покажува дека е на вистинското место и дека е вистински борец“, искоментира Саша Милошевиќ Маре.

Хајрадиновиќ е роден 1962 година во Сјеница. Со музика почнал да се занимава во 1983 година кога учествувал и победил на познатото пејачко натпреварување „Распеана есен“. Како награда добил снимање песна, но тоа никогаш не го искористил, пишуваат регионалните медиуми.

Фото: Гранд/ Јутјуб Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не се откажува: Таткото на Матеј доби неочекувана порака

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј, 27-годишното момче од Сплит по кое се трага од 31 декември, и понатаму е во Белград. Вели дека чека вести за синот. Добри или лоши, единствено го интересира вистината. „Подготвен сум за било какво сценарио, само да дознаам што му се случило на моето […]