fbpx

Го гледавме во најпопуларните турски серии: Познатиот актер почина на 51 година

Со фотографија направена само неколку недели пред да почине, фановите одбележаа шест месеци од смртта на познатиот турски актер Ayberk Pekcan кој почина на 51 година.

Глумеше во бројни телевизиски хит-серии, а публиката најмногу го памети по улогите во „Долина на волците“, „Кога лисјата паѓаат“ и „Ертугрул“, серијата која предизвика внимание и во светски рамки и ја нарекуваат турската „Игра на тронови“.

Pekcan во октомври 2021 година објави дека му е дијагностициран рак на белите дробови. Тогаш откри дека болеста во почетна фаза не се манифестирала со никакви симптоми и дека во моментот кога се јавил на лекар туморот веќе бил проширен на црниот дроб и на надбубрежните жлезди.

Актерот почина во приватна болница во родниот град Мерсин каде што последните месеци се лекуваше.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шокантно: Парапсихолог тврди дека Матеј Периш е жив!

„Разочаран е поради работите кои се случија. Има голем страв од татка си, се плаши од полицијата“ Парапсихологот Роберт Кајслер тврди дека Матеј Периш е жив. Тој вели дека се наоѓа сокриен на непозната локација во околината на Белград. „Според мојата визија, Матеј е жив! Моментално е во Србија, поточно […]