fbpx

Неочекувано: Тајна во случајот со Матеј за која се молчеше

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит се’ уште нема завршница, а сега испливаа нови информации за момчињата со кои дошол да слави во Белград.

Дека оваа екипа има неколку тајни за кои се молчи, од ден на ден станува се’ појасно, а српските медиуми сега открија уште една од нив.

Во комбето со кое патувале од Загреб и Белград било и лице кое учествувало во нападите на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит 2019 година.

„Тоа момче не е хулиган во класична смисла на зборот. Да, учествуваше во некои инциденти каков што беше нападот на ватерполистите, имаше и некои приказни дека е близок со момчињата кои туркале автомобили со српски таблички во море, но далеку од тоа дека е криминалец“, објаснува извор од Сплит кој дополнува дека друштвото на Матеј било склоно кон некои „мангупски егзибиции“.

Во меѓувреме, еден приватен детектив, а поранешен полицаец, потврди дека бил контактиран од момче од Сплит со сознанија кои би можеле да фрлат комплетно ново светло на однесувањето на Матеј во текот на кобната ноќ кога исчезна.

Ненад Периш, таткото на Матеј, одбива да ги коментира овие шпекулации.

Фото: Принтскрин/Шатерсток илустрација

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Погребан Аки Рахимовски: Ќерка му одржа говор и сите ги расплака (ФОТО)

Потресни сцени Покриен со македонското знаме и со црвени рози, легендарниот Аки Рахимовски денеска беше испратен на вечното почивалиште во Алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“. Пред ковчегот присутните го забележаа венецот на кој беше испишана порака од неговата двегодишна ќерка Антонија. Емотивен говор имаше и постарата ќерка Дина. „Во […]