fbpx

Погребан Аки Рахимовски: Ќерка му одржа говор и сите ги расплака (ФОТО)

Потресни сцени

Покриен со македонското знаме и со црвени рози, легендарниот Аки Рахимовски денеска беше испратен на вечното почивалиште во Алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“.

Пред ковчегот присутните го забележаа венецот на кој беше испишана порака од неговата двегодишна ќерка Антонија. Емотивен говор имаше и постарата ќерка Дина.

„Во една прилика кажа дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам татко што ме научи дека човекот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми велеше, бегај ќерко. Бегај тато затоа што таму горе им е досадно без тебе. И само да знаеш, само ти, татко, и никој како ти. Те сакам тато“, рече Дина скршена од болка.

Синот на Аки со потресни зборови: Еве што рекол татко му пред да почине (ФОТО)

На присутните им се обрати и Хусеин Хасанефендиќ-Хус со кој Рахимовски го основа бендот „Парни ваљак“ во 1975 година.

„Живееше со полни гради, живееше барем два-три животи. Тој беше воз кој никогаш не запираше. Патувавме брзо. Се надевам дека сега си спокоен и го пронајде мирот што го бараше“, кажа тој.

Фото: Принтскрин Вечерњи лист

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Таткото на Матеј откри драматични детали

Српската полиција веќе два дена го пребарува Големиот воен остров и тоа по иницијативна на таткото на 27-годишниот Матеј Периш кој веќе 28 дена се води за исчезнат. Информацијата дека можеби син му е жив во напуштена колиба на оваа локација, на Ненад му ја дала јасновитка од Словенија, пишува […]